Кога ќе престанете да тагувате по луѓе кои ве повредиле?

Кога?

Кога ќе сфатите дека не вредат и дека не ве заслужиле. Кога ќе почнете повеќе да се почитувате себеси. Кога ќе се помирите со тоа дека универзумот ве раздвоил затоа што не сте на исто душевно и емотивно ниво. И кога на крај тоа ќе придонесе да се освестите. 

И кога ќе престанете да се каете што сте биле преискрени со нив, затоа што ако искреноста е таа која ве раздвоила, тогаш запрашајте се: Какви се тие луѓе? И уште кога ќе видите дека воопшто не им е жал што ве повредиле, тогаш запрашајте се зошто воопшто размислувате за нив? 

Дали тие мислат на вас и на тоа како вие се чувствувате?

Да, знам дека вие би им дале уште една, петта, осма шанса, но дали има поента во тоа доколку цело време ве изигруваат? Зошто си го правите тоа самите на себеси? Што имате од тоа да останете во контакт со тие луѓе? 

Не сте го заслужиле тоа. Воопшто. И сфаќам дека има нешто што ве влече кон тие луѓе, но тоа е само емоционалната навика која ве врзува за нив и за тоа што некогаш сте го имале. Или барем сте мислеле дека го имате. Додека не сте сфатиле дека сето тоа било илузија... 

Затоа престанете да жалите за тоа. Бидете благодарни за тоа што сте напредувале и што сте се тргнале од сето тоа. И свртете се кон некои нови прекрасни луѓе, кои се тука околу вас, но вие можеби не ги забележувате. Кои одговараат на вашата енергија и кои совршено се вклопуваат со вашата енергија. Прегрнете ги вашите сакани кои се покрај вас и дозволете му на вашето срце да биде полно со љубов.