Кога ќе престанете да се борите за простор во нечиј живот, ќе ги сфатите овие работи...

Кога ќе престанете да се борите за простор во нечиј живот, ќе сфатите дека тие битни всушност немаат никаква смисла.

Ќе ви стане сеедно за коментарите од другите, критиките кои ќе ги добиете, какви етикети ќе ви залепат луѓето. Ќе сфатите дека доколку другите не ви оставаат простор во нивниот живот, во таа ситуација најдобро што можете да направите е да се завртите и да си отидете. Секогаш ќе има некој кој ќе ве прими во својот.

Кога престанувате да се борите за простор во нечиј живот, нема повеќе да ја барате среќата во одобрување од таа личност. Ќе сфатите дека среќата произлегува од сопствените вредности, а не во сомневањето во тие вредности. Повеќе нема да трпите различни омаловажувања и  потценувања, затоа што верувате дека заслужувате многу повеќе.

Кога ќе престанете да се борите за простор во нечиј живот, ќе сфатите дека е подобро да комуницирате со природата отколку со луѓето кои заборавиле да бидат луѓе. Природата секогаш има што да ви даде, да ве поучи, да разбуди некакви чувства во вас. Луѓето кои заборавиле да бидат луѓе можат само да ве испразнат, да остават празен простор во вашата душа и рани кои не можете да ги залечите.

Кога ќе престанете да се борите за простор во нечиј живот ќе сфатите дека успех е да се борите за себеси, затоа што не можете да побегнете од себеси, па затоа подобро е да вложите во односот самите со себе. Ќе сфатите дека самотијата е способност која се учи и која секогаш дава добри резултати. Отфрлете ги битките кои не ви се потребни, отфрлете ја помислата дека можете да натерате некој да ве сака. Единствено што можете е да продолжите понатаму.