Кога ќе престанете да очекувате, љубовта ќе се врати

 

Еден ден, ќе се појави една личност во вашиот живот и нема да ја препознаете! Ќе помине долго време по вашата прва средба, но на вашето патување, напишан е датум кога повторно ќе се сретнете. Вашите очи ќе се сретнат и ќе се препознаете! Ќе откриете нежен и разигран поглед во тие очи, како повторно да се откривате себеси, но нема сосема да бидете уверени. 

Премногу болка, разочарување, каења и грешки го замаглиле вашето срце, но таа личност е испратена за да ги скрши сите ѕидови – како ветерот кој ги брка облаците, ќе направи вашето срце и вашите очи повторно да блеснат. Наскоро ќе почнете да откривате сличности: истата болка, истите рани. Потоа ќе сфатите дека на вашиот пат било запишано да се пронајдете еден со друг и да си помогнете да ги излечите раните, со силата на љубовта!

Толку долго сте го држеле срцето затворено, но сега е време да се погрижите за себеси. Ќе видите дека вратата на срцето никогаш не се затвора, затоа што на неа нема брава. Ќе се појави личност слична на вас. Ќе ви го даде она што сте им го давале на другите, а не сте го добиле за возврат, како да садите цвеќе, а тоа цвета во градината на друга личност.

Тоа е чуден живот и прави да сфаќате дека сте згреишле кога сте рекле дека не треба да давате љубов. А кога нема ништо да очекувате, ќе ви се врати она што сте го дале. Ќе се врати љубовта.

На еден сосема обичен ден, кога вашето внимание ќе биде насочено кон себеси, кога ќе го искусите она што сте го сакале, животот ќе ви ја донесе вистинската личност, онаа која е навистина на вашата страна, и во добро и во лошо!