Кога ќе помислите на тоа дека животот не е фер, сетете се на овие зборови

Во животот сè зависи од перспективата од која го набљудуваме светот. Ако некогаш имате чувство дека не можете веќе и дека животот ви дал претежок товар, сетете се на овие зборови:

Што и да правите, никогаш не се враќајте на она што ве скршило.
Кога ќе добиете чувство дека немате за што да бидете благодарни, сетете се дека сте се разбудиле живи и здрави. Некои ја немале таа можност.

Ситуацијата во која моментално се наоѓате не е крајната станица. Најдоброто сè уште не пристигнало.

Кога животот е сладок, кажете „Благодарам“ и славете го тоа. Кога животот е горчлив, кажете „Благодарам“ и учете од тоа. Лошите работи кои ни се случуваат во животот понекогаш нè насочуваат на патот кој ќе нè однесе до најдобрите работи кои ќе ни се случат во животот.

Секој ден е нова можност да го промениме животот.

Најдете нешто позитивно во секој нов ден, дури и во деновите кога треба да се потрудите малку повеќе за да најдете нешто позитивно.
Животот не мора да биде совршен за да биде прекрасен. Она најлошо што ни се случува во животот нè учи дека не смееме најдобрите работите да ги земаме здраво за готово.