Кога ќе почнеш да размислуваш да се откажеш, сети се зошто си започнал!

Кога ќе почнеш да размислуваш да се откажеш...
Сети се на сите оние кои ти рекле дека никогаш нема да успееш.

Кога ќе почнеш да размислуваш да се откажеш...
Сети се зошто си започнал!

Кога ќе почнеш да размислуваш да се откажеш...
Сети се зошто го правиш сето тоа!

Кога ќе почнеш да размислуваш да се откажеш...
Сети се дека болката е привремена, а искуството од надминување на ограничувачките уверувања е вечно.

Кога ќе почнеш да размислуваш да се откажеш...
Сети се дека болката која денес ја чувствуваш ќе биде заменета со силата која ќе ти биде потребна утре.

Кога ќе почнеш да размислуваш да се откажеш...
Сети се дека секој болен момент создава посилна верзија од тебе. Посилно тело. Посилен ум. Посилен карактер. И затоа помини низ болката, не дозволувај да те запре, натерај ја да те гради.

Не бегај од болката. Соочи се! Не чувствувај болка. Не постои болка. Тоа не е ништо. Дај повеќе. Дај посилно!

Преуморен. Претешко. Презафатен. Прерано. Престресно. Нема изговори!

Кога размислувам да се откажам, се потсетувам себеси дека има премногу луѓе на кои морам да им покажам дека не се во право. Кога размислувам да се откажам, размислувам на тоа дека имаме премногу работи за кои мора да се бориме. Нема да се откажам!

Предолго спиење. Тоа е за баби! Станав. Подготвен сум!

Откажување... тоа е за оние кои немаат срце. Јас не се откажувам. Ако сакаш просечни резултати, продолжи да се нишаш и да даваш просечен напор. Ако сакате да бидете најдобри што можете, мора да дадете сѐ од себе.

Без оглед на тоа што мислиш дека е твоја граница – прескокни ја.

Сѐ она што мислиш дека е твојот максимум – увери се дека можеш и повеќе.

Резултатите не лажат.

Сѐ се сведува на едно едноставно прашање: Колку силно го посакуваш тоа?

Ништо големо нема да се случи ако се откажеш. Знам дека е тешко. Знам дека си уморен. Знам дека ти се чини невозможно. Но, мораш да продолжиш!

Направи го она што мораш и земи ја својата награда!