Кога ќе доживееш премногу краеви за да мислиш на среќа: Не постојат полначи кои ги полнат празните и емотивно потрошени личности

Ќе се заљубиш, ќе добиеш, па ќе изгубиш.

И тоа не само еднаш и не само една личност.

Си го дозволуваш себеси луксузот да пуштиш неколку солзи во текот на животот. И тогаш ќе се појави некој кој ќе сака да те сака. Некој нов.

А тебе ти е тешко да го отвориш своето срце и да веруваш дека овој пат ќе биде поинаку, затоа што однапред знаеш дека нема да биде. Однапред ги знаеш сите пеперутки кои те посетуваат дека тоа е заљубеност, но најчесто не е љубов. Ги знаеш и они кавги во кои си губела, па си добивала, а сите биле Пирови победи. Не веруваш дека веќе постои некој кој ќе те научи на нешто друго. И не можеш да веруваш. Чувствата се трошат, ги нема во залиха. И некаде пред крајот, кога имаш уште 5% од твојата душа, се појавува некој нов. А тој не сфаќа дека животот те троши и дека не е возможно секој да верува во бајки со среќен крај. Си доживеала премногу краеви за да мислиш на среќа. А секако дека би сакала. Кога само би можела.

Љубовта те исцедува, те издигнува и те фрла на дното, но сѐ уште можеш да сакаш. Само малку помалку, послабо и половично, затоа што и филмовите можат да се гледаат неколку пати, но само еднаш со таа вистинска желба и свесноста дека не знаеш што ќе се случи. Се останато се само репризи, без оглед на квалитетот на продукцијата и режијата. Никој не е особено поинаков за да ти понуди неизвесност на која не можеш да и одолееш. А доаѓа време кога ги одбиваш сите и се.

Времето кое е толку лошо вклопено во часовите кои не значат ништо, затоа што животот не е бројот на проживеани години, туку неколку блескави чувства на највисок напон. Од оние кои ти го горат срцето, ти ги заслепуваат очите и ти го одземаат здивот. Но, не сите луѓе ги имаат. И ги нема секогаш. Затоа веројатно и се трошат.

Тешко е тоа да си го признаеш себеси, а уште потешко на другите, но фактот дека во еден момент сите се празниме. Празна одвнатре, а полна однадвор. Луѓето те гледаат и сакаат да те сакаат, а не знаат дека повеќе нема што да сакаат, затоа што не можеш да возвратиш. Затоа и се изненадуваат кога ќе сфатат дека твоите празнини е невозможно да се исполнат. Колку и да го сакаат тоа.

Чудно е да чувствуваш празнина во градите, дури и кога ситуацијата делува емотивно. Кога те сакаат, а тебе ти е убаво, затоа што уживаш во љубовта. Но, не сакаш. И знаеш дека е потрошено, дека можеби нема да сакаш, но не се откажуваш од љубовта и идејата која стои позади тоа. Или со време ќе засакаш, но со оние преостанати 5% од душата. А нему и тоа му е доволно, затоа што не знае колку можеш да сакаш.

Не постојат полначи кои ги полнат празните и емотивно потрошените луѓе.

Не постојат исти чувства.

Некогаш сакаш без малку резерва, страв и промислување.
Некогаш само сакаш.
Некогаш и тоа малку е доволно.
Љубовта да преживее и да преживееш и ти. Со своите малку вложени чувства. Дури и ако добиваш многу повеќе.