Кога кажувам сѐ во еден здив...

Другарка ми ми рече дека никогаш нема да најдам некој нормален затоа што сите ги споредувам со тебе, а јас не се сложив со неа. А и како да се сложам кога тоа нема смисла. Јас запознавам други, им давам шанса, имам некоја доверба, но сето тоа е без успех.

А потоа таа ми вика дека е тоа е поради тоа што во сите те барам тебе, а јас се спротиставувам и викам дека не е така, туку дека само го барам тоа чувство кое го имав кога бев со тебе, чувството кое заедно го произведувавме, а воопшто не се ни договаравме, ниту го планиравме тоа.

Ја барам девојката која бев додека бев со тебе, а тоа никако не ми се случува, никој не ми го дава тоа, никој не ми го покажува тоа, а потоа си велам – па не е до нив, тие не се виновни, некои од нив беа многу океј луѓе, пристојни и добри, но го немаа она што мене ми треба.

Значи до мене е, не е до нив, но и јас не сум нешто виновна, јас не одлучив да биде така, едноставно за мене ти беше најдобар во секоја смисла и затоа се надевам дека со некој следен барем ќе добијам нешто слично и со сличен интензитет.

Но, никогаш не е како што треба, затоа што тие го немаат твојот мирис и вкус и тогаш јас им велам: „Чао, не можам повеќе“ и продолжувам тебе да те сакам и барам и да се потсетувам на тебе и да те замислувам и така цело време во круг.