Што мислат луѓето за среќавањето на вистинската личност во погрешно време? Ова се нивните одговори.

 Кога ја сретнав, прво бев верен за друга девојка, а таа имаше дечко. Четири години подоцна, еве ја лежи во мојот кревет. Таа е мојата сродна душа. Не дозволивме лошиот тајминг да влијае на тоа. Понекогаш работите успеваат, и тоа што нешто не успеало денес не значи дека нема да се случи никогаш.

Ако личноста е вистинска, не постои погрешно време, ниту пак погрешно време. Кога сакаш некоја личност навистина, можеш да направип се за да успеат работите, без оглед на времето и условите. Сѐ е прашање на избор. Се откажуваш од некоја личност, само ако не ја сакаш доволно.

Можно е да успеат работите. Трикот е во тоа што не мораш да ги форсираш работите. Потребно е да оставиш на времето, но никогаш да не се откажеш од таа личност.

Погрешното време и вистинската личност можат да бидат навистина погрешни, тешки и збунувачки, но ако се избирате еден со друг, на крајот на денот, тие се вистинската личност. Така што, или ги избирате или го минувате целиот живот посакувајќи да го направевте тоа. Изборот е ваш, но вистинската личност вреди за тоа.

За мене, потребни беа 11 години и еден погрешен брак за да сфатам која е мојата сродна душа. Го запознав во основно училиште и долго бевме пријатели, но ни требаше време за да сфатиме дека ние сме еден за друг.

Вистината е дека времето не чека на нас и подобро е да се преземе нешто за да се биде среќен. Особено кога тоа е со личноста која ти значи.