Кога ја игнорираш, само ја учиш како да живее без тебе!

Ова е твоето последно предупредување.

Без оглед на тоа колку долго сте во врска, не постои изговор за недостаток на внимание.

Се повеќе гледам момци кои едноставно ги земаат своите девојки здраво за готово и мислат дека треба да се борат за нејзиното внимание само додека не ја фатат, а потоа почнуваат полека да ја запоставуваат и да се грижат за тоа како се чувствува и понекогаш дури забораваат и дека постои.

Е па момци, на почеток вашата девојка можеби ќе го толерира тоа, ќе мисли дека се работи за изолиран случај или можеби некој проблем во врската. И ве уверувам дека додека го правите тоа, таа размислува што е проблемот и како би можела да направи нешто во врска со тоа.

Но, она што навистина би требало да го знаете е дека игнорирањето на вашата девојка не само што е непристојно и невоспитано, туку и ќе придонесе кон тоа таа да престане да се труди да го добие вашето внимание.

Па така, додека вие мислите дека сте го надминале оној дел кога треба да вложувате труд во врската, запамете дека и дека кога ја игнорирате, само ја учите како да живее без вас.

Затоа, освестете се на време, погледнете малку околу вас и забележете ја девојката покрај вас, девојката која ве гледа со сјај во очите, девојката која ве сака и која ви е посветена. Затоа што ако не ја погледнете и ако не и посветувате внимание, наскоро ќе гледатекако друг и посветува внимание и како друг ја сака и се грижи за неа, а вие засекогаш ќе се каете што не сте биле сериозни и посветени кога сте требале да бидете.