Кога и како ќе користиме евтина струја?

Владата на Република Македонија вчера најави воведување на евтина струја за граѓаните. Но, како и кога ќе може да се користи повластената цена на електричната енергија?

Според информацијата од Владата мерката предвидува по два часа денска евтина тарифа на струјата, секој работен ден и сабота од 14 до 16 часот, потоа секој работен ден евтина струја од 22 часот до 7 часот наутро и во неделите 24 часа евтина тарифа на струјата.

Оваа мерка која се воведува од 1-ви октомври, ќе се овозможи преку заштеди на енергетските компании МЕПСО и ЕЛЕМ, така што ќе се намалат нивните непродуктивни трошоци, рече вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев.

-Намалувањето на цените на ископините и репроматеријалите и преку домаќинско работење во енергетските компании ќе биде преточено во секое семејство како бенефит. Такви заштеди се веќе направени – рече тој.

ЕВН, додаде, нема да добие субвенции од државата за спроведување на мерката која, посочи, нема да биде временски ограничена до либерализација на енергетскиот пазар како што се очекуваше.