Кога градот ќе се претвори во паркиралиште, секој си зема слобода да паркира каде сака

Непрописното паркирање е еден од најголемите проблеми со кои жителите на главниот град се соочуваат. Се чини како секој да си зема за дозвола и право да ја остави колата онаму каде ќе забележи слободно место, без да размисли притоа дали некому пречи. 

Секојдневно жителите буквално се борат со паркирани возила пред своите порти и гаражи, на тротоар, на пешачки премин, па дури и на автобуска постојка. 

Од една страна разбирлив е и проблемот со недостаток на паркинг-места, како и намерите на поединци да избегнат да платат за паркирање. Но, од друга страна, не можеме, а да не се запрашаме дали воопшто размислуваат дека некому пречат, особено кога автомобилите со часови блокираат туѓа гаража или пак го зафаќаат целиот пешачки простор на тротоарот. 

Твитер-профилот Ѕидот на срамот честопати објавува фотографии од ситуации како што ги опишуваме.