Кога ги смирив своите чекори, почнав помирно да ги прифаќам работите

Кога ги смирив своите чекори, почнав помирно да ги прифаќам работите што ми ги праќа животот. Престанав да барам оправдувања за неостварените соништа и сфатив дека проблемот бил повеќе во мене, повеќе отколку што сум сакал да признаам, Кога си смирив своите чекори, престанав да го користрам изразот „не можам“, сфаќајќи дека кога се сака, се наоѓа наин и дека кога ќе се склопат работите во нашата глава, станува лесно да се склопат работите во светот околу себе.

Кога ги смирив своите чекори, сфатив дека во играта на животот не победува оној кој прв стигнува на целта, туку оној кој успева да го задржи внатрешниот мир, минувајќи низ тешки животни ситуации, оној кој не се задоволува со минимумот кој му го дава животот, туку го бара она што навистина го сака и го заслужува. Кога ги смирив своите чекори, открив нови жаришта, а тоа беа едноставни работи во кои отсекогаш сум можел да уживам, а не сум, затоа што секогаш бев насочен кон нови постигнувања.

Кога ги смирив своите чекори, почнав да препознавам можности и сфатив дека животот секој ден ми ги дава, но јас претходно не го гледав тоа, поради брзањето да прејдам од едно искуство на друго, од една личност на друга. Кога ги смирив своите чекори, почнав да одговарам на конфликтите на поинаков начин, сфаќајќи дека не е потребно да влегувам во секоја битка и дека не морам да се оправдувам пред секој што ќе го сретнам, ниту да го објаснувам својот живот. 

Кога ги смирив своите чекори, почнав повеќе да будам емоции кај себе, но и кај другите, затоа што подобро ја воочував авантурата на животот во малите секојдневни работи кои претходно не сум ги приметувал. Сфатив дека темпото со кое поминувам низ животот не е само уште една одлука која треба да ја донесам, туку најважната одлука која ќе одлучи дали животот ќе ми биде полн со стрес, немир и неизвесност или полн со мир, внатрешно исполнување и јаснотија.

~ Марио Жувела