Кога еднаш ќе сретнете личност што ве сака, ќе ја запознаете најдобрата верзија од себеси

Кога еднаш ќе сретнете личност што ве сака, ќе се сретнете себеси. Тоа што сте го криеле од другите луѓе, а кое го имате во себе и тлеело во вас. Ќе ја видите личноста на која не се ни сеќавате дека сте ја имале во себе.

На почетокот, ќе забележите само мала искра, ќе си речете дека ви одговара времето со таа личност, но како што минува времето, ќе се откриете себеси. Ќе видите колку сте среќни и расположени, како се радувате на средбите како мало дете, како станувате друга личност.

Ќе најдете нешто заборавено, помалку познато, нешто што одамна сте го изгубиле. Во вас ќе се разбуди чувството на носталгија, кое живее во длабочината на душата. Ќе ја видите својата убавина и несовршеност, но и тоа што ве прави среќни.

Тоа е така бидејќи ќе сретнете личност која ќе ве сака онакви какви што сте, ќе ви дозволи да бидете свои, да ја покажете својата скриена страна, своите маани и доблести и да се сакате онакви какви што сте, онака како што сте сакани од таа личност.

Таа личност ќе ве сака повеќе одошто се сакате себеси.

cheap nike free run 5.0