Кога даваш сѐ од себе, но ништо не оди како што треба, запамети ги следните зборови

Понекогаш, доаѓаат денови, недели и месеци кога сѐ што гледаме околу нас се пречки. Мислиме дека не можеме да ги надминеме, даваме сѐ од себе, но изгледа како животот да сака да нѐ победи. Повторно и повторно.

Се изолираме од другите луѓе, се посветуваме на нашите омилени серии и филмови и се задлабочуваме во мисли, прашувајќи се зошто ни се случува тоа. Зошто не е ценет нашиот напор? Тогаш, се повеќе и  повеќе негативни мисли доаѓаат и се чувствуваме како сѐ да е наопаку.

Но, тогаш треба да запаметиме една работа: Умот е неверојатно нешто.

Кога една лоша работа ќе ни се случи, па по неа уште една, почнуваме да мислиме дека сѐ е црно во нашиот живот. Се фокусираме на погрешните работи, на сите негативни нешта и не даваме простор за позитивни мисли. Умот се обидува да нѐ победи и често го дозволуваме тоа.

Направете мала пауза кога ќе се случи тоа. Воздивнете длабоко. Еднаш, два пати, три пати.

Потсетете се на сите убави работи во вашиот живот – на благословот да се биде жив, да се има партнер кој ни дава поддршка, пријатели кои нѐ сакаат, да се гледа во светлото сино небо, да се ужива на дождот, да се сака сонцето.

Воздивнете уште еднаш. Запрашајте се што можете да промените во вашиот живот. Што би сакале да биде поинаку? И, што можете да направите за тоа?

Запрашајте се колку време од вашиот ден трошите, нервирајќи се и грижејќи се за работи кои никогаш не се случуваат. Колку работи се обидувате да контролирате, а кои не зависат од вас? Колку се нервирате за другите луѓе, а всушност не можете да ги смените.

Потсетете се кога бевте деца, колку брзо заборававте на плачките и лошите ситуации со другите деца  и колку лесно ви беше да и се вратите на играта. Најдете енергија во себе повторно да бидете како деца. Не држете бес и не му се лутете на светот, на другите луѓе бидејќи само така станувате бесни и лути на себеси.

Животот не е филм, не е книга. На нас остнаува да го креираме и живееме онака како што сакаме, како што мислиме дека треба. Наша е патеката која треба да ја изодиме.

Не се сожалувајте, искористете го времето кое го имате на овој свет за да создадете убав свет за себеси и оние кои ги сакате. Славете го секој ден, сите мали убави нешта во него и пуштете ги работите кои не можете да ги контролирајте. Не решавајте проблеми кои не постојат, не се борете против непријатели кои ги нема никаде.

Живејте.