Љубовните односи се сложени, а особено во бракот.
Photo by Drew Coffman on Unsplash
Потребен е компромис, разбирање и многу доверба. Кога тоа го нема, односите се разнишуваат и двете страни се однесуваат како во војна, а не во сојуз.
Постојат многу грешки кои можеме да ги направиме, но во ова е веројатно најголемата.
Постојано ги простуваме грешките, иако тоа нè прави несреќни
Некои постапки едноставно не заслужуваат прошка. Ако препознаете дека на другата личност навистина му е жал и го промени своето однесување на подобро, во ред е да му дадете уште една шанса. Но, ако нема промена или покајание, ако не сте ја обновиле довербата, ако партнерот сè уште ве повредува - нема да бидете посреќни, само замижувате пред сето тоа.
Игнорирањето на проблемите е нешто што е најштетно за секоја емотивна врска на долг рок. Доколку проблемот е нерешлив, а вие сте упорно несреќни и постојано живеете во болка, можеби навистина е најдобро да размислите колку навистина и значите на таа личност и да размислите за конечна разделба.