Кога би можел повторно да го проживеам својот живот...

Кога би можел повторно да го проживеам својот живот,
би се обидел да правам повеќе грешки.
Не би настојувал да бидам совршен,
би бил поопуштен.
Би бил поглуп отколку што бев.
Всушност, многу малку работи би ги сфаќал сериозно.

Помалку би бил грижлив, повеќе би ризикувал,
повеќе би патувал, би гледал повеќе зајдисонца,
би се качувал на повеќе врвови, би препливал повеќе реки,
би одел на повеќе места на кои никогаш не сум бил,
би јадел помалку лушпи, а повеќе сладоледи,
би имал повеќе реални проблеми,
а помалку измислени.

Јас бев еден од оние секој момент од својот живот го живееја претпазливо и промислено.
Секако дека имав моменти на радост.
Но, кога би можел да се вратам назад,
би се обидел секогаш да имам убави моменти,
затоа што единствено од тоа се состои животот -
од моменти.

Кога би можел да се вратам назад,
би се борел никогаш да не го изгубам тоа „сега“.

Јас бев еден од оние кои никогаш никаде немаат отидено без термометар, термофор,
чадор и падобран.
Кога би можел повторно да живеал,
би патувал помалку оптоварен.

Кога би можел повторно да живеам,
би почнал да одам бос уште на почеток на пролетта
и би продолжил така сѐ до доцна есен.
Повеќе пати би се возел во кочии,
би набљудувал повеќе зори,
би си играл со повеќе деца...
да го имам повторно животот пред себе.
 

Но, видете, јас имам 85 години и знам дека умирам.

Хорхе Луис Борхес