Коелјо: Онаму каде ви е срцето, таму ќе го пронајдете вашето богатство

Пауло Коелјо е познат бразилски писател кој има голема читателска публика и во Македонија. Неговите дела како „Алхемичарот“ и „Вероника реши да умре“ и ден денес се продаваат и читаат. 

Во продолжение прочитајте неколку негови мисли:

Ако нешто доволно силно посакувате, целиот универзум ќе скрои план за да ви се исполни желбата.

Кога немав што да изгубам, имав сè.

Не им се предавајте на стравовите. Ако го направите тоа, ќе ја изгубите врската со своето срце.

Сè ми кажува дека ќе ја донесам погрешната одлука, но и тоа е дел од животот. Што сака светот од мене? Дали сака да не ризикувам и да се вратам онаму од каде што сум дошол, бидејќи не сум имал храброст да му кажам „Да“ на животот?

Кога сакаме, секогаш се трудиме да бидеме подобри од претходно. Кога и ние се трудиме да бидеме подобри, сè околу нас станува подобро.

Некој е сакан затоа што е сакан. Нема тука некоја посебна причина.

Секој има креативен потенцијал и од моментот кога почнувате да го искористувате тој креативен потенцијал, можете да почнете да го менувате светот.

Изгледа дека сите имаат јасно мислење за тоа како некој друг треба да го живее својот живот. 

Постојат моменти кога во нашиот живот влегуваат неволјите и ние тука не можеме ништо да направиме. Но, тие се тука со причина. Дури кога ќе ги преболиме, разбираме зошто биле тука. 

Никој никого не губи, затоа што никој не поседува никого. Тоа е слободата: кога ја имате најважната работа на светот, а не ја поседувате.

Постои само една работа поради која нема да можете да ги остварите вашите соништа, а тоа е стравот од неуспехот. 

Вие сте она што верувате дека сте. 

Ако сакате да бидете успешни, мора да почитувате едно правило – никогаш да не се лажете себеси.

Никогаш не можеме да ги осудуваме животите на другите, затоа што секоја личност ја познава својата болка и одрекнувања. Во ред е да чувствувате дека сте на вистинскиот пат, но сосема друга работа е да бидете убедени дека само тој пат е вистински и ниту еден друг. 

Не се објаснувајте: На вашите пријатели не им е потребно, а непријателите нема да ви веруваат.

Запомнете дека онаму каде ви е срцето, таму ќе го пронајдете вашето богатство.