Кочанец работел во двор, па бил погоден со тврд предмет во глава

Маж од кочанско бил погоден во глава со тврд предмет додека си работел во својот двор. 

- На 20.05.2026 во 14:00 часот во Полициската станица Кочани, Ј.Д.(68) од село Бели, кочанско, пријавил дека околу 11:00 часот, додека работел во дворот од семејната куќа во село Бели, лицето К.Г. од истото село фрлил тврд предмет кон него и го погодил во главата, информираа од полицијата. 

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.