Кочанчанец пријавил дека неговата 10-годишна внука била малтретирана од татко ѝ и не сакала да се врати во домот на родителите

Вчера во 18:00 часот во ОВР Кочани, С.А. од Кочани пријавил дека неговата 10-годишна внука му се пожалила дека подолг период била психички и физички малтретирана од нејзиниот татко.

Како што се наведува во полицискиот билтен, С.А. посочил дека поради тоа неговата внука не сакала да се врати да живее со нејзината мајка и нејзиниот татко.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.