Граѓаните сакаат да се приклучат кон победникот, така може да се опише вториот изборен круг, вели поранешниот градоначалник на Велес, Аце Коцевски во гостувањето на дебатната емисија на ТВ Телма.
Според него, треба да се направат анализи на ПР стратегиите на владеачката партија.
-Изгледа беше погрешна таа стратегија за бугарското државјанство на Данела Арсовска. Многу наши граѓани имаат такви пасоши и државјанства. Со тоа можеби беа повредени чувствата на тие граѓани, рече Коцевски и додаде:
-Moжеби фокусот требаше да биде ставен на проектите и вистината, потенцира Коцевски.