Кобниот ден возел 11 пати до Скопје - Погребан е херојот, возач на Брзата помош, од Кочани

Вчера беше погребан Илчо Гоцевски од Звегор, Делчево, со живеалиште во Кочани, возачот на Итна медицинска помош во Кочани, кој почина на спиење по трагедијата во Кочани. Кобниот ден возел 11 пати до Скопје и работел 32 часа.

„Тој беше херојот на транспортот на повредените деца од фамозната НЕ ДИСКОТЕКА. 11 пати имаше отидено за Скопје во кобниот ден. Помагаше и во пронаоѓање и препознавање на изгорените деца, како и транспортирање на истите до одредена дестинација. Денеска немаше никој што да каже за човекот, кој после 32 часа работа, заспа од умор и никогаш не се разбуди“ изјави близок човек на Илчo за delcevo365.mk. 

11 пати патуваше до Скопје на кобниот ден, носејќи надеж, спас и утеха. Тој не беше само сведок на трагедијата – беше човекот што ги држеше рацете на повредените, што помогна да се најдат и препознаат оние кои повеќе не можеа да зборуваат... Тој не штедеше ништо, дури ни себеси.