Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ доби плус еден пратеник

Вчера во Собранието беше избран новиот министер без ресор, Зилфикар Зејнула, а со тоа ВМРО-ДПМНЕ во својата коалиција го доби пратеникот Бејџан Илјаз од Демократската партија на Турците, која досега беше во коалиција со ДУИ во Европскиот фронт.

Со овој чекор, коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ сега има 59 пратеници, без пратениците на партнерите во владината коалиција, ВЛЕН и ЗНАМ.

Изборот на Зејнула беше одвоен од претходната реконструкција на Владата, бидејќи неговото вклучување во истиот пакет би го надминало уставниот лимит за промена на најмногу една третина од министрите. Во таков случај, би се активирала постапката за избор на нова влада.

Премиерот Христијан Мицкоски побара поддршка од пратениците за неговиот избор, нагласувајќи дека институциите треба да ги водат луѓе кои имаат одговорност и капацитет да ги решаваат проблемите на граѓаните.