Книжевна вечер со Катерина Момева и Ева Камчевска во МКЦ

Младинскиот Културен Центар информира за одржување „Книжевна вечер“, во чии рамки ќе се изврши промоција на книгите „Сара и други драми“, од Катерина Момева и „Две драми“, од Ева Камчевска.

Книжевната вечер ќе се реализира утре (06.12.2022), со почеток во 20 часот, во кино Фросина. 

-Во книгата „Две драми“ застапени се комедиите „Избраниот“ и „Остани исправен и оди грациозно“, додека во книгата „Сара и други драми“ се застапени нејзините најнови драми „Сара“, монодрамата „Исмена“, дуодрамата „Телеграма“ и либретото „Силен или сатирска игра по Орестија“.

Драмите на Ева Камчевска се „човечки прецизни и конкретни, посветени на секојдневието на човекот и неговите современи предизвици“ како што напоменува во поговорот театрологот Ана Стојаноска, додека Момева со своите пиеси е „еден вид предвесник на либералното во нашата драмтургија и во филозофското во женското писмо создадено на нашиот јазик“ како што вели Сашко Насев во својот осврт - се вели во описот на книгите.

Промотори ќе бидат Сашо Огненовски и Ана Стојановска.