Книгите од македонски автори се најубави, еве зошто

Книгата открива светови, па така нема подобро време од летото за вие психички да отпатувате кон нечиј друг универзум и свесно да се соживеете со сите случувања од четивото. Покрај ова, нема поубаво место од плажата, кога го слушате звукот на водата, ветрот ви ја гали кожата и воздухот мириса на среќа, за да се запознаете со приказната на туѓинци, кои за вас ќе станат херои по само триесетина страници.

Несомнено е дека, сега, повеќе од било кога имаме пристап до секаква литература. Само во нашата земја се преведени илјадници книги кои ќе ви дадат надеж дека светот може да е подобар, а и ќе стане, бидејќи ние ја формираме иднината на истиот. Но, во оваа лавина на романи, не смее дазаборавиме на домашната литература и магијата која книгите на нашите, македонски автори ја носат.

Затоа, овој текст гледајте го како водич, за да станете чекор во чекор со новите изданија во нашата домашна книжевност и заедно да се гордееме на развојот на современите македонски романи.

Петре М. Андреески, Славко Јаневски, Венко Андоновски и сите други легендарни креатори на нашите омилени реченици, остануваат да постојат, но што сме ние ако не видиме што и кој создава после нив?

Ова се десетте книги од македонски автори кои излегле во текот на последната година, а вие мора да ги прочитате!

  • „Трамонтана“ од Наташа Сарџоска
  • „Слобода А“ од Ана Голејшка Џикова
  • „Само Бог простува“ од Анде Јанков
  • „Соба 610“ од Јован Илиески
  • „Големата лага и малите вистини“ од Нона Марковска
  • „Тегли“ од Јордан Коцевски
  • „Анатомија на бумбарот“ од Стефан Марковски
  • „Што ќе кажат другите“ од Коста Петров
  • „Седумте“ од Илина Арсова
  • „Емотивен талог“ од Ана Јовковска