Книга за поетското и есеистичкото послание на Блаже Конески

„Поетското и есеистичкото послание на Блаже Конески“ е насловена книгата на Веле Смилевски во издание на „Дијалог“, која е објавена по повод  30-годишнината од објавувањето на тестаменталната стихозбирка „Посланија“ на Блаже Конески, едно од најзначајните остварувања во современата македонска поезија. 

– Во студијата на Веле Смилевски одредницата послание е поврзувачката компонента во синтетизирањето на значењата и пораките од поетското и есеистичкото творештво на Конески. Станува збор за истражувања и анализи врз кои се толкуваат спецификите на литературното творештво на Блаже Конески од аспектите кои укажуваат на  допирните точки и преплетувања меѓу неговата есеистика и поезија, навдува „Дијалог“.

Во посебен оддел, под наслов „Зборот“, книгата донесува избор песни кои се карактеристични за толкувачкиот пристап кон поезијата на Конески, како и факсимили на песни напишани од раката на поетот.