Клучот на успехот се крие во неуспехот!

Многумина многу трагично го доживуваат неуспехот и после тоа потполно скршнуваат од патот по кој тргнале. Постојат три клучни причини поради кои неуспехот е клуч за успехот и денес откриваме на кој начин треба да се поставите кога ќе го доживеете за да можете да извлечете корист од неуспехот.

Искуство

Најважната работа кај неуспехот е тоа да не го доживувате како нешто лошо и трагично, туку како ново искуство. Ќе се изненадите од тоа колку можете да научите од неуспехот. Најпознатите луѓе на светот постојано доживувале порази за да ја научат својата лекција. Кога еден новинар го прашал Томас Едисон како е чувството да доживееш неуспех 10.000 пати, тој му одговорил: „Јас не доживеав неуспех, јас само најдов 10.000 начини кои не функционираа.“

Флексибилност

Луѓето кои проаѓаат низ период на неуспех подобро се прилагодуваат на новите промени и предизвици. Кога е неуспехот во прашање, треба да се огледаме на бебињата. Тие живеат во сегашноста. Иако паднале 100 пати, дури и на глава, тие стануваат и продолжуваат да одат, затоа што не размислуваат на минатото, на неуспехот или на идните порази. Затоа секое бебе ќе научи како да оди.

Растење

Во ред е да се доживее неуспех, но никогаш не е во ред да се откажете. Секоја личност има период на стагнација на развој и растење, а тоа најчесто го именуваме како неуспех. Но, доколку неуспехот го искористите како поттик за раст и развој, можете да стигнете до незамисливи врвови, затоа што постојано ќе ги гледате работите од подобра перспектива. Последно нешто што треба да го направите е да се блокирате себеси со неуспехот.