Клубот на великаните на фестивалот „Браќа Манаки“ збогатен со кинематограферот Ентони Дод Ментл

Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ го наградува со Златна камера 300 за животен опус, истакнатиот британско-дански кинематографер Ентони Дод Ментл.

Од ИФФК „Браќа Манаки“ посочуваат дека со изборот да му ја додели оваа престижна награда на Дод Ментл, фестивалот доследно продолжува да гради традиција – на предходни лауреати на Специјалната Златна Камера 300, кои ја освоиле во својата помлада животна етапа, подоцна им ја доделува и Златна Камера 300 за животен опус, со што се заокружува нивната творечка целина.

Дод Ментл,  во 2009 на триесеттиот јубилеен фестивал „Браќа Манаки“, стана добитник на Специјалната Златна Камера 300, а годинава се закитува со позначајната награда за животен опус, со која влегува заслужено во Клубот на великаните на фестивалот „Браќа Манаки“.

Богата е кинаматографската кариера на Ентони Дод Ментл, еден од творците на оригинален дански филмски израз/тренд, соработува со бројни режисери, а триумфот во кариерата на Дод Ментл се случи во 2009 година, кога го освои едниот од осумте Оскари за филмот „Сиромашниот милионер“ (Slumdog millionaire), во режија на Дени Бојл , филм со кој, истата година беше отворен јубилејниот 30. по ред фестивал „Брака Манаки“.