Клуб на читатели посветен на романот „Диссомнии“ во Градска библиотека „Браќа Миладиновци“

Денеска, со почеток во 12 часот ќе се реализира Клубот на читатели во ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“, а ќе го води Пепи Стамков. 

-Клубот на читатели е посветен на романот „Диссомии“ од Игор Станојоски, книга за месец ноември во нашите библиотеки. „Дисомнии“ е добитник на Рациновото признание за 2018 година и важи за едно од најкоментираните дела во поновата македонска книжевност. Клубот на читатели е замислен како неформална средба на оние што ја прочитале или сакаат да ја прочитаат книгата на месецот, а е дел од активностите од големата кампања „Читаме современи македонски автори“ - информираат од библиотеката.