Клиниките се преплавени со стомачни вируси - еве што советуваат лекарите

Вирус кој по симптомите е сличен на стомачен е присутен во светот.

Бројот на пријавени случаи со хепатитис кај мали деца во светот е 169, а едно дете починало. Само во Велика Британија 114 деца се разболеле, а 10 ќе мора да одат на трансплантација на црниот дроб, пишува Би-би-си. 

Над 500 ученици, но и наставници, во основно училиште во германскиот град Лајпциг, се заразени со вирус – сè уште непознат за лекарите.

Германски медиуми пишуваат дека сите заразени имаат различни симптоми, но, посебно се истакнуваат висока температура и дијареа. Нивните тестови на коронавирус се негативни. 

Кај нас, лекарите ја следат ситуацијата, иако до сега не се пријавени вакви или случни случаи на хоспитализација на деца. 

-Хепатитот ако не се открие навреме може да предизвика тешка клиничка слика. Затоа треба внимателн ода се следи состојбата. Апел до родителите – ако детето има пролив и повраќање да се даваат пробиотици. Доколку детето почне да се жали на силна болка во стомакот, урината е темно кафена и има пожолтување на белката во окото веднаш на лекар, вели др. Драгана Емел Марковска, педијатар во изјава за Сител ТВ. 

Пред неколку дена, нашиот познат доктор токисколог Нико Беќаровски за ова предупреди на својот фејсбук профил. 

-Укинувањето на сите против епидемиски мерки не значи дека треба сите а престанете да ги миете рацете!  Амбулантите и Клиниките се преплавени со стомачни вируси (Rotavirus, Picorna, Coxsackie, Hepatitis A) проследени со бројни проливи, стомачни болки, температура, дехидратација, поспаност. Миењето раце и одржувањето на личната хигиена спасуваат повеќе животи од сите антибиотици заедно - порача д-р Беќаровски.