Клиниките се полни со пациенти – Лекарите советуваат како да ги избегнете настинките и гриповите

Есента е сезона на настинки и грипови. Во ноември инфекциите стануваат пофрекфентни, а бидејќи луѓето имаат тенденција да поминуваат повеќе време во затворени простории истите бргу се шират.

Со цел да го минимизирате ризикот од есенските заболувања потребно е да обрнете повеќе внимание на превенција со цел да го зачувате вашето здравје. 

Стоплете се 

Бабите имаат право кога велат дека треба да се стоплите ако сакате да ги избегнете настинките. По особено благата есен, луѓето милсат дека нема потреба да се облекуваат посебно многу ни на поладното време. Но времето е непредвидливо, па ако излезете наутро кога има барем малку сонце мислејќи дека денот нема да биде особено студен, во вечерните часови може да ве изненади голем пад на температурата и да чувствувате дека многу ви студи, па и да почнете да се тресете. Треската го намалува имуниот систем, што ве прави поподложни на настинки.

Малото количество на сончева светлина и промената на нивоата на хормоните како што се мелатонин и сератонин исто така негативно влијаат на работата на имуниот систем. Со оглед на тоа дека голем дел од топлината ја губиме преку главата препорачливо е да носите и капа.

Мијте ги рацете

Иако најголем дел од инфекциите се наоѓаат во воздухот и се пренесуваат преку т.н. „аеросол“ ефект кога некој ќе кивне, бактериите можат да се пренесат и преку физички контакт и да влезат во вашето тело преку инфицираните раце кога со нив ќе допрете некој од ранливите делови од вашето тело како очи, уста и нос.

Низ овие делови бактериите лесно влегуваат во телото и покрај тоа што тие содржат механизми за одбрана како слуз и влакна. Честото миење на раце и бришење со хартиени крпи може значително да ги намали шансите од фаќање на вируси, и особено на ротавируси кои имаат тенденција да ги инфицираат малите деца и да предизвикуваат повраќање и дијареа. 

Избегнувајте гужви и толпи

Бидејќи во текот на зимата луѓето се физички поблиску инфекциите полесно се распространуваат. Автобусите и местата со малку вентилација, трговските центри преполни со луѓе и забавите се некои од местата каде лесно можете да фатите настинка.

Централното греење го намалува нашиот одбрамбен механизам и влијае на нашиот респираторен систем сушејќи го заштитниот слуз во нашите дишни патишта. Сувиот вуздух исто така може да предизвика и надразнето грло и отежнато дишење. 

Билна помош 

Ако на вашиот имун систем му треба подобрување за да се избори со зимскиот напад на бактерии, ехинацеата може да биде добар избор. 

Растението ехинацеа првенствено било користено од древните американци за зацелување на рани и борба со инфекции. Денес популарно се користи за да го подобри имуниот систем во борба со настинките и гриповите, а воедно помага како агент против вирусни и бактериски инфекции. 

Иако ехинацеата се користи за подобрување на имуниот систем, таа има тенденција да ја губи својата ефективност ако се користи долго време. Идеално не треба да се користи повеќе од шест до осум недели без престан. 

Вообичаената доза е 3-4ml алкохолен екстракт или 300mg во билни таблети, земани три пати на ден од забележувањето на првите знаци на инфекција. Не се препорачува за луѓе со прогресини системски и автоимуни заболувања како што се туберкулоза, лупус или Сида. 

Пијте течности 

Докторите препорачуваат да се пијат доста течности во текот на денот, од шест до осум чаши. Течностите им помагаат на бубрезите на функционираат непречено и ги ослободуваат токсините кои се акумулираат во нашето тело.

Ако имате настинка, дехидрацијата го прави слузот посув и погуст и помалку спремен да се бори против инвазивните бактерии и вируси. Затоа кога сте настинати пијте повеќе вода и течности со цел полесно да ја „исфрлите“ инфекцијата. 

Движете се 

Не ја потченувајте важноста на редовната активност, особено во зима. На страна од тоа што го одржува ритамот на добрата циркулација, редовните умерени вежби го зголемуваат бројоt на природните клетки кои се борат со инфекциите. Овие лимфоцити во крвта и слузестите слоеви во носот и дишните патишта патуваат низ нашето тело сценирајќи потенцијални натрапници, како бактерии и вируси. Кога вежбате нивниот број се зголемува и останува толкав во наредните 36 часа. Но ако вежбате премногу може да се случи токму спротивното, т.е. овие нивоа да се намалат. 

Земајте витамини и пробиотици 

Земањето на дневна доза на мултивитамини е особено важно во зима, кога јадеме помалку свежо овошје и зеленчук со што се зглемува ризикот од инфекции. Пробиотиците како лактобацили и бифидобактерии се „пријателски“ бактерии кои се наоѓаат во нашата утроба, а нивната важност доаѓа не само поради тоа што го одржуваат здравјето на дигестивниот систем, туку го подобруваат и целокупниот природен одбрамбен механизам на телото. Истражувањата покажуваат дека земањето на пробиотски суплементи може да ја подобри отпорноста на телото на бактериски и вирусни инфекции. 

Најдобриот начин да се заштитите од настинките и гриповите е да работите на превенција. Не заборавајте на добрите здравствени навики како што се избегнување на контакт со болни лица, покривање ја устата кога сте надвор, миење на рацете и неопходната дневна доза на витамини и минерали