Клиниката за уво, нос и грло: Немаше пожар, туку дефект на бојлер

Клиниката за уво, нос и грло соопшти дека синоќа немало пожар во Клиниката, како што денеска објави МИА.

„Имаше само помал дефект во инсталацијата, односно дефект на бојлер од кој се ширела непријатна миризба во едно купатило.

Возилото на противпожарната единица било повикано само превентивно, заради мирисот од чад“, се вели во реакцијата од Клиниката за уво, нос и грло.