Клиниката за пластична хирургија распиша оглас за набавка на импланти за дојка

ЈЗУ Универзитетска Клиника за пластична и реконструктивна хирургија распиша оглас за набавка на импланти за дојка.

Огласот е отворен јавно на официјалната веб страна на Бирото за јавни набавки и ќе трае до 10 април годинава кога понудите кои ќе бидат по електронски пат јавно ќе бидат отворени.

Проценетата вредност на договорот без ДДВ е 2.700.000 денари,а според условите предвидено е главен  критериум за доделување на договорот да биде  најниската цена.
Во огласот исто така се бара силиконски гел имплант за дојка со округла форма, имплант експандер за дојка, анатомски облик и ткивен експандер за реконструкција на дојка округла форма. Овие импланти се наменети за пациентите во земјава кои што имаат потреба да ги вградат.