Клиниката за хематологија времено се сели на Дерматологија

Поради реновирање и поголеми градежни зафати, постоечките простории на амбулантите и шалтерот на ЈЗУ Клиника за хематологија при Клинички центар „Мајка Тереза“ времено ќе бидат сместени во други простори.

Од Клиниката за хематологија известуваат дека од 1 август амбулантите и шалтерот на Клиниката за хематологија ќе работат во амбулантскиот дел на Клиниката за дерматологија во рамките на Интерната зграда, поточно на поранешниот Машки оддел.

„Сите контакти, телефонски броеви и електронски адреси остануваат непроменети. По завршувањето на градежните работи, навремено ќе известиме за повторното ставање во употреба на постојните просторни капацитети“, се вели во соопштението.