Клинички центар: Хаосот со автомобилите тапка во место, проблемот со ѓубрето во кое се дават пациентите непроменет

На Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје, дивите депонии кои ги има на секој чекор се дом на неколку кучиња и мачки скитници кои се директна опасност за самите вработени, пациенти и деца, пренесува Курир.

Преполни контејнери веднаш до детската клиника кои претставуваат директна опасност за децата кои лежат таму, додека од паркираните автомобили слободно по тротоарите не можат да се движат пациентите со инвалидски колички.

Од Министерството за здравство велат дека за чистењето на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ не е во нивна надлежност, туку во надлежност на Службата за општи и заеднички работи на Клиничкиот центар. Од таму додаваат и дека проблемот со чистењето на ѓубрето е надминат, иако сликата на терен е поразлична.

Во однос на проблемот со сообраќајот, велат дека активно работат на изнаоѓање оптимално решение со изградба на монтажна катна гаража, која ќе обезбеди доволен паркинг простор за вработените и посетителите на Клиничкиот центар, а воедно улиците и тротоарите ќе се ослободат од паркираните возила.