Клинички центар да се гради во општина Петровец

Пратеникот Илија Димовски кој доаѓа од редовите на ВМРО ДПМНЕ денес на фејсбук сподели иницијатива новиот клинички центар да се гради на територија на општина Петровец. И токму овој предлог наиде на низа позитивни коментари од корисниците на оваа социјална мрежа.

Тој предлогот го образложи со десетици причини меѓу кои позначајни се географската положба на општината и близината до околните градови во кои живеат број на граѓани кој е речиси приближен до половина од бројката на населението во Македонија. Понатаму, помеѓу аргументите е близината до скопскиот аеродром и големиот број на слободни државни парцели со кои располага општината.

Предлог иницијативата за изградба на клиничкиот центар во општина Петровец ќе биде доставена на разгледување до сите пратенички групи.

„Се надевам на поддршка, совети и коментари од стручни лица кои ќе можат да ја збогатат оваа иницијатива“, напиша Димовски во објавата.

Инаку, Владата на Република Македонија донесе одлука новиот Клинички центар наместо на постојната локација во центарот на Скопје да се гради во населбата Бардовци.