
13-годишното дете кое е избодено со нож во тепачка во скопски Чаир се наоѓа во критична здравствена состојба, откако при нападот добило убод во пределот на срцето.
Министерот за здравство Сашо Клековски утрово, на прес-конференција, ја потврди сериозноста на состојбата на детето, нагласувајќи дека лекарите прават сè што е во нивна можност.
„Има убод во срце, критично е. Нашите мисли се со него, но веќе медицината нема многу што може да направи“, изјави Клековски.
Детето било тешко повредено во тепачка на улицата „Македонско-косовска бригада“ во Чаир, а според досегашните информации, во инцидентот учествувале пет лица, од кои четворица малолетници и едно полнолетно лице.