Клековски: Не може еден доктор иста ноќ да биде дежурен и во Скопје и во Битола - не може цел ден ништо да не работите во сала, а да се нарекувате хирург

Во синоќешното интервју во емисијата „Вин-Вин“ на ТВ Телма, директорот на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО), Сашо Клековски посочи дека ги зголемиле платите во јавното здравство и рече дека „сега говориме за зголемена одговорност“.

Тој потенцира дека одговорност мора да има.

„Не може еден доктор да биде дежурен во иста ноќ и во Скопје и во Битола. Не може сите вработени во една установа да имаат ист број на прекувремени часови за да се постигне некое посакувано ниво на плата. Не може цел ден ништо да не работите во сала, а да се нарекувате хирург“, објаснува Клековски.