Ќофте со компири - подготовката воопшто не е комплицирана, а вкусот е неверојатен (видео)

СОСТОЈКИ:

компири

мелено месо

лук

црвена пипер

сол

бибер

зачин

бешамел сос

кашкавал

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Компирите обварете ги и исечкајте ги на кругови, па наредете во огноотпорен сад.

Меленото месо измешајте го со ситно сечкан лук, црвена пипер, сол и бибер, по желба додајте и други зачини, па формирајте ќофтиња.

Ќофтињата наредете ги на компирите, а помеѓу редете кругови компири така што секое ќофте ќе биде заградено.

Потоа прелијте ги ќофтињата со бешамел сос, изрендајте кашкавал и запечете во рерна 15 минути на 200 степени.

Сите денешни вести прочитајте ги тука.