Ќерко, биди своја и немој никому да се правдаш!

Ќерко,

Никогаш немој да се извинуваш кога друг ќе налета на тебе.
Немој да кажуваш: „Извини што ти досадувам“. Не досадуваш. Ти си личност со чувства и мисли кои заслужуваат почит.
Не измислувај причини поради кои не можеш да излезеш со дечкото кој навистина ти се допаѓа.
Никому не должиш објаснувања. Едноставно кажи „Не“ и тоа ќе биде доволно.
Немој премногу да размислуваш околу тоа што ќе јадеш пред други луѓе. Ако си гладна – јади и јади го она што сакаш да го јадеш. Ако сакаш пица, нарачај пица, не јади салата само затоа што другите околу тебе јадат салата.
Немој да ја пушташ косата само за да задоволиш некој друг.
Не носи фустан ако не ти е дојдено до фустан.
Не останувај дома само затоа што немаш со кого да излезеш. Излези сама. Создавај искуства сама за себе и со себе.
Не ги задржувај солзите. Плачењето значи дека чувствуваш нешто што треба да излезе на површина. Тоа не е слабост. Тоа значи дека си човек.
Не се плаши да се смееш на сопствените шеги.
Не вели „да“ од пристојност. Кажи „не“ и ич не му ја мисли.
Не ги криј своите мислења. Говори гласно. Треба да бидеш сослушана.

Не се извинувај за она што си. Биди храбра, одважна и прекрасна. Биди своја, без никому да се правдаш!