Ќерката на Зоран Маџиров со емотивно видео за својот татко (видео)

Нина, ќерка на легендарниот музичар Зоран Маџиров, познат како човекот со шишињата, сними филм посветен на татко и, кој почина во мај минатата година, откако пред тоа помина околу седум месеци во кома, по тешката сообраќајна несреќа.

Виртуозот и музички амбасадор Зоран Маџиров, на светската јавност ѝ беше познат како „Ботлмен“, односно човекот кој свири на шишиња. 

Растргната од болка и беспомошност, уште додека татко и бил во кома, таа започнала да го пишува сценариото. Далеку од семејството во тешките моменти, бидејќи веќе три години живее во САД, каде студира глума на Њуројшката филмска академија, таа нашла утеха во пишувањето. Вели дека постојано се надевала како нештата ќе си дојдат на свое место, и на крај целото семејство заедно ќе го гледа нејзниот филм, но животот имал друг план.

Веста за смртта на татко и ја дочекала сама во Америка, а ден потоа собрала сила и застанала на сцената, каде имала премиера на претставата ,,Галебот’’ од Чехов со класата на Факултетот.

Во негова чест е краткометражниот филм „Стакло“ снимен во рамките на Њујоршката филмска академија во Лос Анџелес каде неговата ќерка Нина Маџирова студираше актерска игра. Таа се потпишува и како сценарист на проектот. „Земи го своето скршено срце и претвори го во уметност“, така почнува приказната на овој интимен и сентиментален филм во кој Нина, во филмот ја глуми Миа.