Тетовската полиција поднесе кривична пријава против 28-годишната М.М од тетовско село поради злоупотреба на платежна картичка.
„На 12.08.2024, нејзиниот татко пријавил дека при проверка на својата трансакциска сметка во банка, вработен во банката го информирал дека на неговата трансакциска сметка има 25.590 денари, иако требало да има 720.000 денари. Од доставениот извештај од банката била утврдена злоупотреба на неговата платежна картичка во периодот од 12.08.2023 до 03.01.2024, каде преку апликација, парични средства биле префрлени на социјална мрежа од страна на пријавената, која ги знаела неговите податоци“, се вели во билтенот на МВР.