Ќерка ми која магистрираше во Манчестер ја одбија од УКИМ со образложение дека не знае англиски јазик, вели Кочов

Професорот Атанас Кочов од Машинскиот факултет, кој е еден од кандидатите за нов ректор на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ од Скопје, кажа дека ќерка му била одбиена од УКИМ каде што конкурирала за работа.

-Ќерка ми студираше и магистрираше во Манчестер, а живее и работи во Македонија. Неколку години работи во приватна фирма. Од УКИМ ја одбија за работа со образложение дека не знае англиски јазик. Така стои и во билтенот, а таа магистрираше и ќе докторира во Манчестер, кажа Кочов во емисијата „Стадион“.

Кочов посочи дека од 2012 година државата вложила милиони евра во студенти од Македонија, но никој од нив не работи на УКИМ.