Ќерка ја задавила мајка си во скопско Тафталиџе

Во полициската станица Карпош, вчера утрото во 8:10 часот, А.И. (46) од Скопје пријавила дека на улица „Ристо Равановски“ во нивниот дом со давење ја убила нејзината мајка В.И. (74), информираат од МВР.

Полициски службеници од СВР Скопје излегле на местото на настанот и во домот затекнале починато лице. Од страна на лекар од Итната медицинска помош констатирана била смрт.

По наредба на јавен обвинител телото на починатата било дадено за обдукција, а А.И. е задржана во полициска станица.