Ќе видиме ли конечно снег во Скопје?

Во поголем дел од државата утринава е студено со врнежи од снег и минимални температури под нулата.

Врнежи од снег утринава има во западните делови од државата, а долж Повардарието дува засилен северен ветер.

Во текот на денот врнежите од снег ќе биде повремени, а поообилни се очекуваат во ноќните часови.

Дневната температура нема да се разликува од утринската и ќе биде во интервал од -2 до 3 степени, а на планините и значително пониска, особено во северните делови.

Врнежи од снег ќе има и во Скопската Котлина, почнувајќи од претпладневните часови, а пообилни ќе бидат во ноќните часови. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, а дневната температура ќе биде околу нулата. Поради влијанието од многу студена и влажна воздушна маса пообилни врнежи се очекуваат и утре претпладне кога на пониските места ќе се формира снежна покривка од околу 10 до 15 см, а на планините ќе се зголеми и за над 30 см.

Во вторник послаби врнежи од снег ќе има во западните и јужните делови од земјава.