Ќе ви го стопли срцето: Малата Лена среде Скопје запеа…(ВИДЕО)

Новогодишните празници се ближат, а со самото тоа и предновогодишната атмосфера од ден на ден е се посвечена, позагреана, повесела.

За тоа во македонската метропола особено придонесува украсениот град, како и Новогодишниот базар на улица Македонија, каде посетителите можат да застанат, да купат по некоја дребулија или домашно, рачно изработен новогодишен сувенир, да каснат или да се освежат и стоплат со некоја топла напивка…

За атмосферата да биде уште посвечена придоонесува шареноликата забавно-музичка програма за сите возрасти, во која учествуваат од познати музички уметници, до улични артисти и музичари.

Случајните минувачи и посетители исто така можат да се приклучат во забавата. Токму на еден од уличните музичари, гитаристката Тања Стојаноска, и се приклучи малата Лена. Слаткиот мал „Ирвас“  со својата фантастична изведба на легендарната „Имеџин“ од Џон Ленон им ги стопли душите и срцата на оне кои во тој момент се затекнаа на крај кејот на Вардар, но и на стотици други кои ја видоа на социјалните мрежи, а веруваме и Вам!

 

 

Извор: Вистина

cheap nike air max 90