Ќе ви го промени погледот на светот: Татко му даде на својот син само еден совет!

Детето стоеше изненадено, сеуште не сфаќајќи што се случува. Таткото дури тогаш му објасни...

Убава и поучна приказна која ќе ви го промени погледот на светот. 

Еден летен сончев ден, човек со својот син отиде на прошетка во шумата. Одеднаш, детето се спремна на еден камен и почна да вика од болка! Неколку секунди подоцна, од правецот на шумата се слушна истиот тој пивик. Детето, сега веќе збунето запраша: „Кој си ти?“, но се што се слушна од таму беше повторувањето: „Кој си ти?“. 

Малиот веќе нервозно му возврати, КУКАВИЦА! Но повторно, се што се слушаше од шумата беше само повторување. Детето збунето го погледна таткото и го запраша што се случува. 
-Сине, обрни внимание, рече таткото и гласно повика во правец на шумата: „Ти се восхитувам!“. Гласот повторно одговори на истиот начин, па таткото повика „Прекрасен си!“, а од шумата се слушна повторувањето!

Детето стоеше возбудено сеуште не сфаќајќи за што се работи, а таткото тогаш му објасни. Луѓето ова го викаат ехо, но тоа е всушност животот. Животот секогаш ти враќа, онака како што му даваш. Животот е огледало на сите твои дела.

Ако сакаш да има повеќе љубов, тогаш мора да подаруваш повеќе љубов. Ако сакаш да имаш повеќе добри работи во животот, едноставно подарувај добрина. Ако сакаш луѓето да имаат разбирање и почит за тебе, тогаш мораш повеќе да разбираш и почитуваш. Ако сакаш тие да се трпеливи, ти биди трпелив со нив. 

Ова правило се однесува на секој аспект од животот. Животот секогаш ти враќа-онака како што му даваш. Текот, смислата и квалитетот на животот не се случајни, животот е огледало на тебе самиот!