Ќе ве врати во детството: Вкусен солен колач со спанаќ

Има моменти кога сите сакаме да се вратиме во детството, а честопати одредени ароми и вкусови ни евоцираат спомени токму од тие безгрижни денови.

Ви предлагаме да направите солен колач со спанаќ кој несомнено ви го приготвувале вашите мајки и баби.

Овој лесен и вкусен рецепт ќе биде обожаван од целото ваше семејство.

Состојки

100 мл  масло

100 мл  млеко

4 јајца

200 гр сецкан спанаќ

200 гр сирење

2 ќесички прашок за пециво

300 гр брашно

прстофат  сол

сусам

Подготовка

Во длабок сад ставете ги јајцата и изматете ги со миксер. Постепено додавајте ги млекото и маслото и продолжете да матите за да се соединат.

Додајте ги брашното и двете пецива. Добро промешајте.

Сирењето по желба издробете го или изрендајте го и додајте го во смесата заедно со исецканиот спанаќ. Посолете и повторно промешајте.

Целата смеса ставете ја во тава број 38 претходно премачкана со масло и поросена со малку брашно. На површината ставете сусам.

Печете околку половина час во загреана рерна на 200°С.