“Ќе те барам утре за кафе, денеска сум во гужва” – брзајќи, забораваме на вредностите во животот

“Еј не сме се виделе со месеци... Ми фали муабетот со тебе... Живеема на само пет минути, а како да сме еден на една страна од светот, друг на друга... Ми фали времето поминато со добро друштво”...

Муабети кои стануваат секојдневие. Постојано брзаме некаде. Живееме еден брз и динамичен живот. Дома и работа. Тоа се тие места, тоа е таа релација каде се движиме. Забораваме на луѓето околу нас. Забораваме на опуштањето, на дружењето, на забавата... Дали навистина немаме време...

Знаеме ли каде одиме – постојано некаде брзаме... Брзаш за на работа, а потоа брзаш од работа за дома... Стоиш на семафор и се нервираш кога ќе фатиш црвено. Сакаш побрзо да си дома. Свириш, понекогаш. А знаеш дека со свирењето нема да ти се расчисти патот... Ако те праша некој за кај брзаш... Нема да знаеш да одговориш...

Немаме слободно време, а и кога го имаме, сакаме да се изолираме од другите, да одмориме и не знаеме како да го искористиме.

Една компанија од Глазгов има своја мантра за брзањето:

Забави малку. Намали го биењето на моето срце и смири го мојот ум. Успори го мојот забрзан чекор, и помогни ми да се фокусирам. Научи ме како да го искористам одморот и да обрнам внимание на природат, да поразговарам со пријателите, да им се јавам на моите родители, да го погалам моето милениче.

Потсети ме колку е важен секој ден и помогни ми да сфатам дека животот не е трка. Потсети ме на приказната за зајакот и желката, каде не победува оној што брза. Помогни ми да го подигнам погледот кон небото и да воздивнам длабоко. Потсети ме на старата поговорка дека оној што брза, ги крши нозете.

Брзањето предизвикува загриженост, а тоа го уништува нашето здравје и делотворност. Голем дел од современите болести се предизвикани од брзањето и стресот. Постојаното ветување, брзање, конкуренција, желба за постигнувања.

Брзината со која живеете е важна. Брзоплетото размислување и донесување одлуки ретко ги носи посакуваните резултати. Настојувајте да живете во баланс и опуштено, да откриете што ве прави среќни и да се посветите на тоа кога можете. Опуштете го умот и опуштете го телото. Работата нема да ви избега.

 

Сите денешни вести прочитајте ги тука.