Ќе стане ли дел од Шар Планина национален парк?

На владина седница денеска ќе се разгледува дел од Шар Планина да биде прогласен за национален парк.

Ова е само една од точките за кои денеска ќе се расправа на седницата на Владата, а другите се разгледѕвање на Извештајот за процесот на пилотирање на новиот модел за проценка на дополнителна образовна, здравствена и социјална поддршка на дете и младинец, базиран на Меѓународната класификација на функционирањето (МКФ), како светски стандард за класификација, одобрена од Светската здравствена организација во 2001 година, потоа Информацијата за состојбата со аерозагадувањето и потребата од продолжување на процесот на замена на нееколошки горива во јавните објекти во Република Северна Македонија поднесена од Министерството за животна средина и просторно планирање.

Оваа седница ќе се одржи преку видео-конференција, а ќе биде разгледана и Предлог-програмата за рамномерен регионален развој за 2021 и 2022 година, предложена од Министерството за локална самоуправа.