Ќе снема вода во Кисела Вода

Од јавното претпријатие „Водовод и канализација“ информираат за привремен прекин во водоснабдувањето на две улици во Кисела Вода.

„Ве известуваме дека на ден 22.06.2018 год. поради уличен дефект ф-100мм на ул.Виктор Иго 23 (Кисела Вода), со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од Виктор Иго и Невена Георгиева Дуња. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:30 часот до завршување“, велат од јавното претпријатие.